Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои бои се идеални за дневната соба поради смирувачкиот ефект, според експерт?

Пастелните жолти нијанси го подобруваат расположението и прават просторот да изгледа „сончево“ и топло. Поради ова, тие се едни од најдобрите бои за во дневната соба.

koi-boi-se-idealni-za-dnevnata-soba-poradi-smiruvachkiot-efekt-spored-ekspert-01.jpg

Ејми Вакс е експерт за бои и нивното влијание врз нашата психа. Таа смета дека постојат неколку бои кои би требало да се најдат во нашите дневни соби поради емоциите што ги поттикнуваат.

За кои бои станува збор?

Пастелните и топли жолти нијанси го подобруваат расположението

Пастелните жолти нијанси можат да создадат мошне пријатна атмосфера во дневната соба.

Тие го подобруваат расположението и прават просторот да изгледа „сончево“ и топло.

Сепак, Ејми советува да ги избегнувате дречливите жолти нијанси бидејќи можат да предизвикаат стрес.

Ејми вели дека овие нијанси е најдобро да ги комбинирате со сини, зелени и сиви.

koi-boi-se-idealni-za-dnevnata-soba-poradi-smiruvachkiot-efekt-spored-ekspert-02.jpg

Зелените нијанси смируваат и релаксираат

Ако сакате релаксирачка околина, Ејми вели дека најдобар избор се зелените нијанси кои не само што го смируваат умот, туку се пријатни и за очите.

Маслинестата зелена, па дури и потемните зелени бои можат да ја внесат природата во вашата дневна.

Ејми советува да ги комбинирате зелените нијанси со темносина боја, беж, како и темноцрвени нијанси.

koi-boi-se-idealni-za-dnevnata-soba-poradi-smiruvachkiot-efekt-spored-ekspert-03.jpg

Теракота нијанса за топла атмосфера

Ејми вели дека оваа нијанса е одличен избор за доминанта боја во дневната соба бидејќи дава топлина.

Другите портокалови нијанси можат да бидат стимулирачки, па дури и да предизвикаат стрес, но оваа нијанса има смирувачки ефект.

Ејми истакнува дека покрај тоа што ваквите земјени нијанси се удобни, лесно можат да се комбинираат со контрастни бои, како сино-зелени нијанси, па дури и црна.

koi-boi-se-idealni-za-dnevnata-soba-poradi-smiruvachkiot-efekt-spored-ekspert-04.jpg

Нежна сина боја за безгрижност

Сините бои нè асоцираат на море, а можат да направат просторот да изгледа поотворено и порелаксирачко.

Поради ова, Ејми вели дека се одличен избор за во дневната соба.

Повеќето сини нијанси изгледаат одлично во комбинација со неутрални земјени тонови, како кафеава.

koi-boi-se-idealni-za-dnevnata-soba-poradi-smiruvachkiot-efekt-spored-ekspert-06.jpg

Пастелната розова го намалува стресот

И пастелната розова боја може да има смирувачки ефект. Според Ејми, пастелната розова го намалува стресот, но и анксиозноста.

Сепак, таа вели дека најдобро е да ја одберете розовата нијанса со помош на експерт бидејќи може да биде тешко да се погоди вистинската.

Пастелните розови нијанси изгледаат добро со сива боја, како и со топли кафеави нијанси.

koi-boi-se-idealni-za-dnevnata-soba-poradi-smiruvachkiot-efekt-spored-ekspert-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бои за уредување ентериер кои се хит во 2025-та Мока Мус која е прогласена за боја на годината, но и боја на лаванда која е идеа...
Во домот на Тео: „Работната маса во дневната беше промашување, проекторот во спалната соба е полн по... „Спалната соба доби големо редизајнирање. Работното биро сега е фиксирано и заме...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg