Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои трендови за уредување доминираат оваа сезона, а кои се застарени, според дизајнери на ентериер?

Вложете во класични декорации наместо секоја сезона да купувате нови и најдобро заборавете на сликите и украсите со цитати и зборови.

koi-trendovi-za-ureduvanje-dominiraat-ovaa-sezona-a-koi-se-zastareni-spored-dizajneri-na-enterier-01.jpg

Ако сакате да направите некаква промена во домот, веројатно секогаш би сакале да слушнете мислење од експерти.

За Insider, неколку дизајнери на ентериер откриваат кои трендови доминираат, а кои трендови ја изгубија популарноста оваа сезона:

Темните нијанси ја прават просторијата удобна

Темните нијанси како темносина боја ѝ додаваат топлина на просторијата и ја прават навистина удобна.

Една од најпопуларните нијанси е темнозелената која има и релаксирачки ефект.

Можете дa офарбате еден ѕид од просторијата со темна нијанса, но сосема доволно и ако вметнете само некои детали, како перници и ќебе.

koi-trendovi-za-ureduvanje-dominiraat-ovaa-sezona-a-koi-se-zastareni-spored-dizajneri-na-enterier-02.jpg

Природни растенија наместо вештачки

Природните растенија секогаш ќе изгледаат подобро од вештачките.

Дури и ако мислите дека сте антиталент за градинарство, постојат многу растенија кои бараат минимална грижа, а сепак ќе ви го разубават просторот.

koi-trendovi-za-ureduvanje-dominiraat-ovaa-sezona-a-koi-se-zastareni-spored-dizajneri-na-enterier-03.jpg

Кривите линии ги заменуваат правите

Заоблени огледала, столчиња со кружни потпирачи, кружни килимчиња – кривите линии се вистински хит бидејќи создаваат хармонија во просторот.

koi-trendovi-za-ureduvanje-dominiraat-ovaa-sezona-a-koi-se-zastareni-spored-dizajneri-na-enterier-04.jpg

Винтиџ мебел

Винтиџ мебелот станува сè попопуларен не само поради изгледот, туку и поради квалитетот.

Па, ако сакате да обновите нешто во домот, прашајте ја вашата баба дали можеби има некое винтиџ парче мебел што не ѝ треба.

На овој начин ќе треба да потрошите пари само за да го поправите или офарбате мебелот ако е оштетен.

koi-trendovi-za-ureduvanje-dominiraat-ovaa-sezona-a-koi-se-zastareni-spored-dizajneri-na-enterier-05.jpg

На следната страница трендови кои се застарени...



Би можело да ве интересира:

Панделки, носталгија: 9 трендови за новогодишно украсување за крајот на 2024 Oд „обвивка“ за ногарките на елката до ретро црвени свеќи и многу панделки, како...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
5 најчести грешки во уредувањето на домот, според дизајнери на ентериер Прво ја избирате бојата на ѕидовите и го трупате просторот со многу украси и дез...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg