6 трендови во уредување на домот, кои не изгледаат добро во реалноста (и зошто)
Комплетно бел ентериер – никогаш не е така совршено чисто, како на фотографиите на Инстаграм. Во првите неколку седмици кога сè е ново можеби просторот навистина ќе изгледа како парче од рајот, каде царува мирот, но за само неколку седмици впечатокот ќе биде сосема поинаков, особено ако имате деца или миленици.
На фотографии можеби изгледаат добро, но во реалноста некои трендови во уредувањето може да не изгледаат така.
Неколку такви трендови во уредување на домот, кои не изгледаат добро во реалноста:
Комплетно бел ентериер – никогаш не е така совршено чисто, како на фотографиите на Инстаграм.
Во првите неколку седмици кога сè е ново можеби просторот навистина ќе изгледа како парче од рајот, каде царува мирот, но за само неколку седмици впечатокот ќе биде сосема поинаков, особено ако имате деца или миленици.
Мебел од палети – голема е веројатноста дека нема да ви биде удобен.
Изгледа креативно, минималистички и релаксирачки со перничиња расфрлени на него, но во реалноста не е толку пријатен за седење, како гарнитура наменета за тоа.
Бојадисување на елементите во кујната сами – нема да испадне како што очекувате.
Голема е веројатноста да испадне лошо ако не ја подготвите соодветно површината, а може да се познаваат и четки. Плус, долгорочно при чистење можно е да ја оштетите бојата, па најдобро е да си купите елементи во боја каква што сакате.
Темни површини во тоалетот – мака ќе мачите со дамките од бигорот во водата.
На Инстаграм изгледа неверојатно, но во реалноста е навистина тешко за одржување, особено ако имате еден тоалет, а сте многучлено семејство.
Акцентиран ѕид – голема е веројатноста да не прилега добро во просторот.
Колку и да ви изгледа тренди и кул, акцентираниот ѕид најверојатно нема добро да го искомбинирате во просторот, освен ако не сте дизајнер. Може да ви го наруши балансот на собата или да направи да изгледа хаотично. Подобра опција е некое впечатливо уметничко дело.
Различни столчиња на трпезариската маса – поголема е веројатноста да изгледа хаотично, отколку шик.
Можеби мислите со ова дека ќе ѝ дадете личен печат на собата, но во реалноста може собата да ви изгледа како студентска соба во која секој довлечкал свое столче.
С. С. | Црнобело