Едноставни трикови со кои визуелно ќе го зголемите просторот во домот
Искористете ја висината на собата – ставете високи полици, украсете со висечки растенија и закачете ги сликите повисоко.
Сите посакуваат простран и широк дом, но кога нема можност за тоа, секогаш можете да искористите некој трик со кој ќе создадете илузија на поголем простор.
Неколку трикови што ќе ви помогнат во ова:
Искористете ја моќта на огледалата
Ова е еден од најпознатите трикови – огледалата визуелно го зголемуваат просторот, па во малите соби додајте големи ѕидни огледала.
Комбинирајте разни текстури и материјали
Иако звучи необично, и разните материјали можат да направат некоја просторија да изгледа поголемо.
Разните текстури на мебелот, но и материјалите како дрво и железо, додаваат длабочина и прават просторот да изгледа пошироко.
Украсете го ѕидот со уметнички дела
Слично како разните материјали, големите уметнички дела го прават просторот визуелно поширок.
Искористете ја висината на собата
Високи полици, висечки растенија, високо закачени слики – сето ова ќе го направи просторот поширок.