Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Маја Кикириткова за белиот под во домот: „Плочки немаме никаде, многу е полесно за чистење“

„Многу се мислевме во врска со подот. Се одлучивме за микрецемнет, тоа е техника на лиење со цемент на целиот под. Плочки немаме никаде...“, раскажува Маја Кикириткова и открива која е единствената мана на изборот на ваков под.

maja-kikiritkova-za-beliot-pod-doma-plochki-nemame-nikade-doma-mnogu-e-polesno-za-chistenje-01.jpg

Маја Кикириткова Трајковски, по потекло е од Штип, но живее во Скопје. Со сопругот Александар, синот Лазар и ќерката Ева живее во населбата Ѓорче Петров, во куќа од 280 метри квадратни.

По професија е моден дизајнер, како и професор на ААБ Универзитетот во Приштина.

Таа постојано на својот Инстаграм профил споделува трикови од уредувањето на својот дом.

Во последната објава говори за тоа каков избор на под избрале и зошто тоа се покажало како практично решение.

Објавата на Маја Кикириткова:

„Многу често добивам прашања во врска со подот, па решив да напишам еден пост, каде детално ќе објаснам сè во врска со него.

Кога го правевме спратот, знаевме дека дома сакаме да преовладува бело. Многу се мислевме во врска со подот. Се одлучивме за микрецемнет, тоа е техника на лиење со цемент на целиот под. Може да се користи секаде, па на нас и островот ни е изработен со истата техника. Може да биде во било која боја.

Плочки немаме никаде, па и тоалетот и ходникот е направен со истата техника. Многу олеснителна околност е што нема чистење фуги, нема лајсни по краевите и ептен е лесен за одржување.

Ние имаме ставено подно греење, без подно не би го препорачала, бидејќи во преодниот период, кога не е грејна сезона е ладен, поготово за со мали деца дома. Но тоа трае само еден месец во годината, па не би го зела за маана, покрај сите предности и доблести што ги има.

Мек е, но кога ќе размислам и паркетот е мек и се прават дупки на него. Трпи реновирање, така што во секој момент може да се обнови.

Ова беше многу паметна инвестиција во нашиот дом.“

Погледнете како комплетно изгледа нејзиниот дом Во домот на Маја Кикириткова: Семејна куќа во Скопје во која доминира златната боја (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје приреди Halloween забава дома - со пајажина, лилјаци, висечки свеќи (фото) „Традиционално веќе четврта година со моите пријатели го обележавме Halloween со...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
8 идеи за освежување на ентериерот на домот, за малку пари Заменете ги деталите од текстил, како завеси и прекривки, или додајте уште еден ...
6 трикови во уредувањето со кои ќе го направите домот визуелно поголем Избегнувајте теписи кои го покриваат целиот под, а наместо повеќе мали, на ѕидот...
Дел од најубавите новогодишно украсени домови на Македонци, на прагот од 2025-та (фото) Oд броење на последните месеци при очекувањето на приновата покрај елка до семеј...
10 трикови како да го организирате хаосот во кујната, ако сте зависници од подредено „под конец“ Ако не сакате хаос, мразите кога сите работи се расфрлани во една фиока, немате ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg