9 совети за уредување со кои ќе го извлечете најдоброто од малиот ходник
Светлите бои, но и огледалата визуелно ќе го зголемат просторот, а малите теписи со кружна форма ќе му дадат посебен шмек на малиот ходник.
Обично не им обрнуваме многу внимание на ходниците, но тие се важен дел од домот. Ходникот е првото нешто што го гледате кога си доаѓате дома, па зошто да не го претворите во удобно и пријатно катче?
Сепак, ако сте ограничени со простор, може да биде тешко да го направите вистинскиот избор на бои, мебел и декорации.
Затоа, погледнете како да го извлечете најдоброто од малиот ходник:
Светли и неутрални нијанси
Ако имате мал ходник, светлите бои на ѕидовите и таванот можат да го направат визуелно поголем.
По секоја цена избегнувајте ги темните и дречливи бои кои ќе го „задушат“ просторот и ќе направат да изгледа многу помал.
Исполнете го просторот
Ходникот ќе изгледа многу подобро ако ставите шкафче, клупа, стол или слично. Дури и ако станува збор за мал ходник, просторот нема да изгледа натрупано, туку многу попријатно.
Тепих со кружна форма
Малите, кружни теписи се одлични за малите ходници – изгледаат навистина интересно и не го затвораат просторот како оние со правоаголни форми.
Паметно избирајте ги тапетите
Во малиот ходник избегнувајте да ставате многу шарени тапети со дречливи бои. Најдобра опција се тапетите со суптилен дизајн каде што доминираат светлите и неутралните бои.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





