10 трендови за уредување на домот кои или ги мразите или ги обожавате
Кога станува збор за трендот и дизајнот на внатрешното уредување во домовите, речиси секогаш следуваат полемики.
Понекогаш дебатата е чисто естетска, односно што визуелно ќе привлече одредено око, но повремено предметите се водат и подлабоко, допираат до одредени еколошки или културни теми.
Она што некому му се допаѓа, за друг може да биде тотална катастрофа.
Така, во продолжение ви издвојуваме 10 трендови за уредување на домот кои или ги мразите или ги обожавате:
Проѕирното таканаречено „дух“ столче
Дизајниранo од Филип Старк во 2002 година, столчето „дух“ е пресврт на мебелот во стилот на Луј XVI во 21 век. Поликарбонатната, пластична фотелја наскоро стана сеприсутна, па дури и претерано користена.
Во секој случај, дизајнерите се поделени околу привлечноста и практичноста на ова уникатно столче.
За едни мешање на стилови, за други „кич“
Некои го нарекуваат елитен, други го нарекуваат „кич“. Без разлика на зборот, овој стил на поместување на границите меша навидум случајни, застарени, па дури и помалку смешни елементи.
Добриот избор доведува до соби кои изгледаат креативно и разиграно, но доколку се претера сето тоа се претвора во неред и изгледа евтино.
Минимализам
Спротивно на збиеноста и мешањето на стилови, минимализмот е животна филозофија што ја поддржува едноставноста над нештата, која дел од луѓето ја обожаваат, а за останатите претставува недовршена и некомплетна скица.
Минималистичкиот дизајн наложува чисти простори украсени со функционална, резервна гарнитура и неколку добро избрани парчиња.
Минималистичките домови можат да направат да се чувствувате елегантно и спокојно, во зависност од користените бои, текстурите и осветлувањето.
Пренаменето или реставрирано
Секој сака добра зделка зачинета со креативност - на пример, стара клупа трансформирана во „кул“ катче во задниот двор.
Овде клучот е квалитетот. Оригиналното парче треба да биде изработено од издржливи и квалитетни материјали, а самото реставрирање треба да го подигне на повисоко ниво на дизајн и корисност.
Сепак, не сите луѓе го сакаат „шмекот“ на старото, пренаменето парче мебел.
Тегли во улога на украси
Нашите баби ги користат за ајвар, зимница и разни џемови, но ние ги претворивме во хипстерски декор и неретко во чаши за пиење добар коктел.
Но, како и со сите трендови, за некои луѓе овие тегли се тотално клише.
Бројни ретро сијалички
Многубројните светилки кои личат на сијаличките од раните 1900-ти неоспорно имаат привлечен индустриски раб.
Но, проблемот со популарните враќања на дизајнот е што тие можат да станат премногу користени и неоригинални, па голем број од луѓето целосно ги избегнуваат.
„Безбојна“ гарнитура
Таканаречените „безбојни“ гарнитури нудат пријатно седење и лесно совпаѓање со останатиот мебел во просторијата, но за волја на вистината тие исто така можат да бидат доста здодевни.
Оние похрабрите одбираат елегантен дизајн, материјал и боја што навистина се истакнува.
Отворени полици
Едни сметаат дека тие се модерен пристап кон складирањето: ослободување од старомодните кујнски ормари и наместо тоа, поставување на омилените садови и прибори на отворени полици.
Спротивставената страна смета дека постои проблем во тоа што не секој предмет во вашата кујна е достоен за да биде во центарот на вниманието, и не секој сопственик може да смисли и одржува совршени, праволиниски полици.
Исто така, постојат практични проблеми како прашина и маснотии со кои треба да се борите.
Монохроматски стил
Монохроматска шема на бои може да предизвика смиреност, јасност и софистицираност.
Во надолна линија, палетата со една нијанса може да изгледа празно и да недостасува оној акцент на бои коишто додава зачин во просторијата.
Доколку сепак сте љубител на монохроматскиот изглед, измешајте тонови и текстури и вметнете природни елементи како растенија.
„Етно“ декор
Постои разлика помеѓу масовно произведената „африканска“ маска, развиена од своето потекло и вистинско уметничко дело што го изработуваат локалните занаетчии.
Многу потрошувачи и дизајнери ја отфрлаат културната присвојност во форма на неавтентичен, племенски, етно декор.
Наместо тоа, тие ги поддржуваат локалните уметници и занаетчии се прилагодуваат на приказните што ги обликуваат нивните креации.
Мила М. | Црнобело