Како да креирате сопствена „chill out“ зона?
Многумина честопати немаат слободно време што би го посветиле на себе. Но со оглед на околностите во последните денови и недели, се чини дека ќе имаме доволно време за себе, за своите мисли и работи, што треба да го користиме мудро.
За да го направите овој пат уште по релаксирачки, еве неколку начини да се посветите само на себе и да создадете своја „chill out“ зона, каде ќе можете целосно да се исклучите.
1. Ќе се согласите дека повеќето луѓе ја поврзуваат релаксацијата најмногу со музиката. За дополнително збогатување на вашето музичко уживање, предлагаме да направите свои листи за слушање.
Направете различни листи за различни расположенија и можности, за релаксирање, работење, вежбање и сл.
2. Исто така, направете катче во вашиот дом што ќе биде само ваш! Овој агол, кој ќе биде место за уживање, може да биде во дворот, на терасата, до прозорецот...
Додадете перници за да го направите удобен просторот, а дополнително можете да го декорирате со мирисливи свеќи или разновидни цвеќиња.
3. Еден добар начин е да го пополните вашето време е и физичка активност. Ова можат да бидат едноставни вежби за истегнување, или некои предизвикувачки, чии инструкции и совети можат да се најдат на Youtube.
Ашера | Црнобело