Безвременски дизајн кој никогаш нема да излезе од мода - Честерфилд софа
Честерфилд софата припаѓа во групата на најпрепознатливите парчиња мебел во светот. Ќе ја сретнете буквално секаде - во хотелско лоби, канцеларија, домови, апартмани, уметнички галерии.
Изработена од луксузна кожа, со длабоко седало, ниско наслонување и високи страници, ова класично парче мебел е британски дизајн кој нема рок на траење.
Одлично се вклопува во традиционалниот изглед на просториите, а минималните варијации во поглед на дизајнот или материјалот на софата овозможуваат лесно вклопување и во модерно дизајнирана соба.
Кој ја дизајнирал Честерфилд софата?
Не постои официјален документ за потврдување на приказната, но се вели дека дизајнот првично бил нарачан за изработка од страна на лордот Филип Стенхоп, четвртиот Ерл од Честерфилд (1694-1773), по кого софата го добила името.
Приказната потврдува дека лордот сакал да седне на удобно парче мебел без да ги со истутка костумот. Тој најмил локални занаетчии со цел да пронајдат соодветно решение. Конечниот резултат била Честерфилд софата која ги задоволила барањата.
Лорд Филип Стенхоп бил трендсетер на неговото време, некој кој постојано бил во потрага по нови трендови и стилови, па приказната е прилично уверлива дека токму негова е идејата за изработка на ова прекрасно и безвременско парче мебел.
Честерфилд софата е многу повеќе од обично парче мебел, таа е статусен симбол и потврда дека имате одличен вкус за уредување на просторот. Па доколку се решите за опремување на домот или реновирање, размислете колку добро би се вклопила една ваква убавина:
(О)Милена | Црнобело