Ситници со кои домот ќе изгледа полуксузно (без да потрошите богатство)
Скријте ја корпата за отпадоци и ако не сте во можност за купување нови шкафчиња во кујната, можете барем да ги сменете рачките.
Кога не сте во можност да реновирате, а сакате да го освежите домот, доволно е да промените некои ситници.
Дел од нив во продолжение:
Скријте ја корпата за отпадоци
Најдобро е да ја скриете корпата во некое од шкафчињата – на пример, под мијалникот.
Ако немате многу место, купете корпа која можете да ја закачите на вратничката од шкафчето.
Ако немате простор ни за тоа, тогаш барем купете корпа за отпадоци која изгледа убаво.
Средете го осветлувањето
Ако сијалиците на таванот „висат“ без лустер, секако дека ќе го нагрдите целиот простор.
И, нема потреба да трошите цело богатство за ова – можете да најдете минималистички лустери по пристапна цена.
Обезбедете простор за складирање
Ако немате доволно место за предмети како детски играчки, можете да купите табуретки со простор за складирање.
Со ова, нема да го полните домот со кутии, а ќе имате ново, функционално парче мебел.
Освежете го стариот мебел со самолеплива фолија
Ако имате оштетени дрвени површини, а не се во можност да ги менувате, можете да ги покриете со самолеплива фолија.
Денес можете да најдете разни бои и имитации на дрво, па и мермер, кои лесно ќе ги вклопите во остатокот од ентериерот.
Сменете ги рачките на фиоките и шкафчињата
Кога не сте во можност да реновирате, доволно е само да ги замените старите рачки на фиоките и шкафчињата.
Средете ги каблите
Ова е најевтината промена која ќе направи огромна разлика.
Расфрланите кабли прават и најубавата соба да изгледа лошо.
Спирова С. | Црнобело