11 клучни грешки кои ги правите при уредување на кујната и како да ги поправите
Кујната е место каде што поминуваме добар дел од денот подготвувајќи по неколку оброци во текот на целиот ден.
Токму затоа, таа треба да биде добро дизајнирана, функционално и убава во исто време.
Сепак, многупати луѓето не гледаат на тоа така пред да ја направат целосно и потоа сфаќаат дека направиле грешка во уредувањето.
Ова се неколку најчести грешки во дизајнот кои го уништуваат изгледот и функционалноста на кујната:
Ставате шкафчиња со огромни рачки
Рачките на елементите во кујната треба да бидат едноставни и лесни за целосно нивно отварање. Посебно ако шкафчето е во агол. Затоа понекогаш е добро рачките да бидат складни со елементите и да не штрчат.
Бирате сјајни материјали за елементите во кујната
На сјајните површини секогаш остануваат отпечатоци од прсти, па дури и кога рацете ни се чисти. Како резултат на тоа, ќе мора почесто да чистите ако не сакате да изгледаат замачкано и валкано.
Затоа секогаш е подобро да користите мат површини кои исто така бараат чистење, но барем нема да бидат толку впечатливи дамките.
Се одлучувате за стандардните статични полици наместо на извлекување
Многу често шкафчињата ги полниме со премногу работи кои кога треба да ги најдеме, треба да растуриме сѐ за да ги најдеме оние кои стојат најназад.
Затоа е најдобро да се користат полици кои може да се извлекуваат и да можете да имате увид врз сите садови внатре.
Ставате шпорет веднаш до фрижидерот
Дури и во најмалите кујни, логично е помеѓу фрижидерот и шпоретот да се стави барем еден елемент кој ќе ги двои. Ова е неопходно бидејќи шпоретот ги загрева ѕидовите на фрижидерот и не му дозволува да лади како што треба.
Бирате ниски елементи за висока кујна
Ако големината на кујната ви дозволува да ги поставите елементите на повисоко, тогаш зошто да не го искористите тоа? Tака порационално ќе го искористите празниот простор и ќе можете правилно да ги чувате сите работи.
Бирате голема трпезариска маса во мала кујна/трпезарија
Ако добро ги организирате и распоредите работите во малиот простор, нема да изгледа така мал. Многупати голем дел од просторот зафаќа трпезариската маса која е огромна, а нема потреба да биде.
Заменете ја со мала маса или со маса на расклопување. А, можете да размислите и на шанк кој ќе ви служи како за подготвување храна и за складирање на работи, така и за јадење.