Сончеви авантури: Летната колекција на IKEA е празник за oчи (фото)
Време е за опуштање и уживање во неверојатно убавите денови кои следуваат, во удобно сместување или под синото небо.
Без оглед на тоа дали ќе се упатите на плажа, во некоја далечна шума, планинско одмаралиште или само сакате да си уживате на отворено во својот дом, шведскиот бренд IKEA припреми сè што ви е потребно за шарено, забавно и сончево лето.
Тема на овогодинешната летна колекција е излегувањето надвор од рамките, како и подредување на нештата на потполно поинаков начин. Тоа може да значи подалечни патувања, „позелен“ начин на живот, или, пак, исклучување од буквално сè на некое време.
Колекцијата вклучува лесни и расклопливи парчиња мебел, а кои може едноставно да се пренесат во текот на патувањата низ земјата или во странство. За дворот и градината, пак, дизајниран е издржлив мебел, изработен од природен ратан.
Текстилот е во боемски стил, комбинирајќи неочекувани мешавини на смели бои и традиционални дезени, а во целост се сложува со „зелениот" начин на живот, обележан и со вклучувањето соларни светилки за надворешна употреба.
Со лежалките, нишалките, висечките лустери, столиците на расклопување, ткаенините и сите останати аксесоари од каталогот, ќе имате сè што ви треба за спремни да ги дочекате авантурите од летото кое ни претстои.
Бидете подготвени за создавање спомени кои ќе траат вечно:
М. А. | Црнобело