Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пролетни декорации во скандинавски стил (фото)

Доколку сте љубители на едноставните, чисти, минималистички и пред сè смирени животни амбиенти, тогаш скандинавскиот пролетен декор е полн погодок за вашиот дом.

proletni-dekoracii-vo-skandinavski-stil-foto-1.jpg

Пролетта пристигна, па вистинско време е да ја оживеете магијата на сончевата сезона и во вашето катче за живеење. Ако сакате да го пресликате будењето на природата во ентериерот, но не сте големи љубители на интензивните бои или шарените флорални дезени, туку сакате нешто посмирено и лаконско, ви нудиме совршена инспирација за таа намена.

Оваа пролет, декорирајте го вашиот дом во скандинавски стил. Традиционални карактеристики за скандинавскиот дизајн се белата, црната и сивата боја, минимализмот и умереноста во уредувањето, како и свежите природни допири.

Во тој поглед, особено се користат зеленилото и билките, но не во преголеми количини, а тие се елементите кои ѝ даваат живост на нордиската пролетна тема. Пастелните бои се уште една прекрасна варијанта за пролетен декор во скандинавски манир, а она што посебно ни се допаѓа кај овие романтични и елегантни украси е едноставноста која се провлекува низ убавиот стил.

Од галеријата во продолжение, погледнете на кој начин можете да ги внесете пролетта и скандинавскиот шарм во животниот амбиент:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 идеи за освежување на ентериерот на домот, за малку пари Заменете ги деталите од текстил, како завеси и прекривки, или додајте уште еден ...
Предлози со кои ходникот ќе изгледа средено и стилски Плакарот со повеќе намени во кои можете да ставите палта, чевли, но и да седнете...
Во домот на Тео: „Работната маса во дневната беше промашување, проекторот во спалната соба е полн по... „Спалната соба доби големо редизајнирање. Работното биро сега е фиксирано и заме...
11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
Новогодишно уреден дом на Ана од Скопје - елка со розови лампиони и украси за трпезата купени во Сол... „Елката ја купивме во Солун пред три години, а таму се купени и лампионите. Не з...
6 трендови за уредување што ќе доминираат во 2025-та, според дизајнери на ентериер Детали во црвена како цреша, но и риги на завесите, тепихот, перничињата… Кои тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg