6 тајни на совршено уредените скандинавски домови

Се прашувате како скандинавците се пласираат на толку високи позиции на листите за најсреќни луѓе? Една од причините е што живеат во преубави домови каде сè е во хармонија. Уредувањето на просторот во кој поминувате многу време е еден од клучните фактори за вашата среќа.

Tajnite na skandinavskoto ureduvanje na domot-0

Во земјите во кои претежно владее студ, морало да се изнајде начин како домот да биде исполнет со топлина.

Скандинавските архитекти и дизајнери на мебел имаат едноставни, но ефективни идеи со кои тоа го постигнуваат, а ние ќе ви го откриеме нивните тајни како да го уредите домот и да создадете топла атмосфера во домот.


1. Дневна светлина

Скандинавците големо внимание и посветуваат на дневната светлина, бидејќи знаат колку е важна и колку и влијае на нашата среќа. Колку повеќе дневна светлина, толку подобро. Послушајте ги скандинавските мајстори за уредување на домот и тргнете ги масивните и темни завеси.

Ако сакате да ја задржите приватноста, набавете завеси од полупрозирни материјали, на тој начин во домот ќе влегува доволно дневна светлина а сепак ќе бидете скриени од љубопитните погледи. Друго решение е да ставите дрвени ролетни кои ќе може да ги спуштате по потреба. И не само тоа, дрвените ролетни ја одбиваат топлината и го ублажуваат студот.

Количината на светлина во домот може да ја зголемите и со бели зидови, големи огледала како и со вадење на килимите и откривањето на паркетот.

6-tajni-na-sovrseno-uredenite-skandinavskite-domovi-002.jpg

 
2. Трпезариска маса

Најкористеното парче мебел во секој дом треба да биде внимателно избрано и вклопено во просторот. Трпезариската маса, освен што се користи за јадење, најчесто е и централното местото во домот каде семејството се собира и се дружи, па затоа внимавајте да ја изберете вистинската за вашиот дом.

6-tajni-na-sovrseno-uredenite-skandinavskite-domovi-003.jpeg


3. Просторност

Тргнете ги сите непотребни парчиња мебел! Оставете го во домот само оној мебел кој навистина си има своја намена и кој убаво изгледа. Кога ќе ги расчистите непотребните работи, просторот ќе изгледа поголем, помирен и ќе дава впечаток на дом во кој нема тензии.

tajnite-na-skandinavskoto-ureduvanje-na-domot-2


4. Забава

Сигурно една од тајните „состојки“ кои ги прават скандинавците најсреќни луѓе на светот е забавата, затоа угледајте се на нив. Тие дизајнираат мебел во кој можат да уживаат, мебел кој нивниот дом ќе го направи пријатно место за престој и забава. Така е и со сите останати работи.

Секој ден уживајте во едноставните ситници, ценете ги убавите филџани кои ги имате, уникатниот дизајн на постелнината, времето поминато со пријателите... Едноставно уживајте во сè што животот може да ви овозможи! Научете како со помош на ситници да направите топла атмосфера, која сите ќе сакаат повторно да ја почувствуваат.

6-tajni-na-sovrseno-uredenite-skandinavskite-domovi-004.jpg


5. Декорација на мебелот

Украсете го каучот со декоративни перничиња, префрлете убава прекривка преку задниот дел на софата во дневната соба. Повеќе меки перничиња во топли бои и привлечни дезени предизвикуваат чувство на топлина во собата во која сакате да престојувате.

Ако одберете перници во нежни нијанси, ќе се чувствувате како да сте во рајот, а доколку сте љубител на јаки бои, можете да одберете и перници во традиционалните скандинавски бои - виолетова и бордо.

ajnite-na-skandinavskoto-ureduvanje-na-domot-1


5.  Едноставен мебел со стил

Мебелот дизајниран од скандинавските дизајнери како Арно Јакобсен, Ханс Вегнер Пантон и Алвар Алто, е светски познат, и тоа со причина. Кривите линии и органските облици прават и најмодерниот мебел да делува едноставно. Но, оваа техника не е чист минимализам.

Овие дизајнери се користат со правилата на минимализмот за да постигнат чувство на просторност и мир. Овој мебел нема да ви досади, привлечно изгледа, секогаш е во мода и што е најважно, многу е квалитетен.

6-tajni-na-sovrseno-uredenite-skandinavskite-domovi-005.jpg


6. Елементи од природата

Внесете во својот дом колку што можете повеќе детали од дрво. Тоа можете да го направите преку мебелот, подот, вратите, скалилата... Скандинавските дизајнери не користат дрво само поради тоа што убаво изгледа и му дава топлина на просторот, туку е и природен изолатор.

Покрај дрво, внесете во домот и билки бидејќи тие го претставуваат животот внатре во нашите бетонски ѕидови. Преубава палма или топол букет составен од шарени цвеќиња поставен врз маса дава впечаток на дом кој на сите им посакува добредојде.

6-tajni-na-sovrseno-uredenite-skandinavskite-domovi-006.jpg

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg