6 уникатни идеи за велигденско украсување на домот (фото)
Стаклена тегла наместо вазна за свежо цвеќе, украс од гранчиња – неколку креативни идеи за Велигден.
Велигден е еден од најголемите и најважните христијански празници.
Иако не украсуваме како за Божиќ, сепак и велигденските декорации стануваат сè попопуларни.
А, ако ви фали инспирација за годинава, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашите предлози:
Наместо вазни, можете да ставите свежо цвеќе во најобични стаклени тегли што веќе ги имате дома.
Во теглите можете да ставите и велигденски јајца.
За декорација во дворот или на терасата, можете да искористите гумени чизми, ако имате пар кој не го носите.
Во чизмите ставете висока вазна со омиленото цвеќе и ќе добиете уникатна декорација.
-->
-->
-->
Во стаклен сад можете да ставите куп чоколадни или пластични велигденски јајца. Можете да ставите и декоративни камчиња или цветови. Ова е идеална декорација за на маса.
Низ домот можете да распоредите и помали стаклени садови полни со чоколадни велигденски јајца.
Можете да украсите и со минијатурни животни, како пилиња и зајаци кои асоцираат на Велигден. Наредете ги малите фигури покрај некоја поголема декорација.
Можете да искористите и гранчиња на кои ќе закачите чоколадни јајца, цветови и слично, како лампиони.
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости)
Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики)
Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....

Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне)
Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

6 трикови во уредувањето со кои ќе го направите домот визуелно поголем
Избегнувајте теписи кои го покриваат целиот под, а наместо повеќе мали, на ѕидот...

8 идеи за освежување на ентериерот на домот, за малку пари
Заменете ги деталите од текстил, како завеси и прекривки, или додајте уште еден ...

Предлози со кои ходникот ќе изгледа средено и стилски
Плакарот со повеќе намени во кои можете да ставите палта, чевли, но и да седнете...