6 детали за удобен и уникатен дом, како на Французинките
Винтиџ детали, но и масивен мебел – како да го претворите домот во удобно катче?
Француските домови имаат посебен шарм, најмногу бидејќи не се направени само во еден стил.
Французинките сакаат домот да го отсликува нивниот карактер, па затоа и нивните домови изгледаат уникатно.
Шест детали што им се омилени:
Винтиџ детали
За домот да не ви изгледа старински, треба да знаете како да ги искомбинирате винтиџ елементите со модерните.
Ако станува збор за мебел, тогаш нека бидат најмногу две винтиџ парчиња.
Доколку се мали украси, можете да ставите и 3-4.
Цвеќе и растенија
Ништо не го разубавува домот како цвеќето и растенијата.
Кога сте во можност, украсете го домот со свежо цвеќе, а за во текот на целата година купете и неколку растенија во саксија.
Книги
Книгите му даваат посебна топлина на домот, а кога ќе ги имате, ќе ве мотивираат и да читате повеќе.
Доволно е да купите мала, наједноставна полица за да си направите симпатична домашна библиотека која ќе биде и како украс во просторијата.
Масивен мебел
Наместо да го трупате просторот со многу парчиња мебел, искористете го трикот на Французинките.
Тие сакаат помалку мебел, но кој е поголем.
Детали со дречливи бои
Французинките не преферираат минимализам, туку сакаат и шаренило во промоторот, а ова, пак, му дава посебна топлина.
За да го постигнете овој ефект, додајте некој дречлив елемент во просторијата.
Секако, не претерувајте.
Футуристички детали
Доволен ви е само еден футуристички елемент во просторијата, како маса или фотелја, за да му дадете посебен шарм на простор.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





