Празничниот дом на Кендал Џенер е како од бајка - Традиционален и поскромен отколку на нејзините сестри Кардашијан
Празнично уредениот дом на Кендал во Лос Анџелес не е екстравагантен како домовите на нејзините полусестри Кардашијан, а потстетува на вистинска новогодишна бајка.
Светскиот модел Кендал Џенер, и една од сестрите од семејството Кардашијан-Џенер, ги отвори вратите на својот дом за списанието за уредување Architectural design и покажа како го украсила за празниците.
Домот, кој се наоѓа во сончевиот Лос Анџелес, потсетува на вистинска новогодишна бајка - две големи природни елки со многу сијалички и малку украси, венчиња од природни елки, шарени чорапи за Дедо Мраз да има каде да остави подароци, свеќи и шишарки на трпезариската маса, шарени чинии со празнични мотиви.
Иако делува како бајка, празнично уредениот дом на Кендал е многу поскромен од оној на нејзините полусестри Кардашијан.
Тие секоја година пробуваат да се надминат себеси, па така, Ким една година направи зимско царство, Кортни ставаше елки кои висат од таванот, а Кајли освен што ставаше златни и розови елки, една година за празниците домот го „украси“ и со реплики од поларни мечки во реална големина.
Кендал, пак, во интервјуто за магазинот вели дека е љубител на винтиџ предмети, па во тој стил ги украсила и елките, но и домот.
Погледнете фотографии и видео од празничната магија во домот на светскиот модел:
А. Ј. | Црнобело