10 едноставни трикови кои ќе ви го претворат малиот дом во пространо и удобно место за живот
Користете ги паметно огледалата, во спротивно може да го добиете спротивниот ефект. Поставете повеќе извори на светлина во една просторија наместо едно централно светло.
Доколку имате мал простор за живеење, постојат неколку трикови кои можете да ги искористите во уредувањето, за визуелно да изгледа попросторно.
Зависно каков е просторот, стилот на уредување и со што располога, може да искористите по некој совет како да си го направите домот простран.
Во продолжение неколку трикови:
Поставете го ламинатот паралелно со најширокиот ѕид
Овој трик визуелно ќе ги растегне ѕидиовите и ќе го прошири визуелно просторот.
Користете црни додатоци за нагласување на просторот
Црната боја дава длабочина, па добро е да имате црни декорации и мали елементи како прекинувачи за свето и сл.
Поставете повеќе извори на светлина
Повеќе извори на светлина во периметарот се секогаш подобра опција отколку еден централен извор.
Независно што е мал просторот, користете лустери, ѕидни светилки, столни лампи и сè што е соодветно и одговара со стилот на домот.
Користете ги паметно огледалата
Точно е дека огледалата ја зголемуваат визуелно просторијата, но тоа не значи да купите што поголемо за да го постигнете ефектот, ниту пак некое пренатрупано.
Така само ќе го добиете спротивното од посакуваното, па затоа бирајте соодветна големина и едноставен дизајн.
Ставете гарнитура со ногарки наместо гломазни кои одат до долу
Гарнитурите се често централниот елемент во дневните соби и прво нив ги забележуваме, па ако сакате да не е загушен просторот и да дише, одберете модел со ногарки и простор помеѓу подот и мебелот.