10 едноставни трикови кои ќе ви го претворат малиот дом во пространо и удобно место за живот
Користете неутрални бои на плочки
Во кујната и во бањата, избегнувајте темни плочки кои дополнително ќе го затворат просторот, туку користете посветли и неутрални бои кои ќе дадат ширина на ѕидовите.
Купувајте долгнавести декорации
Независно дали се уметнички слики, постери или други украси, користете долгнавести форми кои ќе дадат висина на просторот.
Ставете ја гарнитурата спротивно од прозорецот
Наместо да ја спречувате светлината која доаѓа од прозорците, ставете ја гарнитурата од спротивната страна (доколку има можност), така светлината ќе паѓа натаму и ќе изгледа поголемо просторот.
Експериментирајте со проѕирен мебел
Понекогаш, наместо дрвени и други тешки материјали, доколку се вклопува во ентериерот, добро е да вметнете клуб маси и друг сличен мебел кој е проѕирен, најчесто стаклен за визуелно да ја прават просторијата посветла и поголема.
Завесите нека почнуваат од плафон и нека одат до подот
Доколку имате завеси, добро е да изберете посветла боја, наместо темна боја и тежок материјал, но исто така, завесите треба да одат до долу, наместо да бидат до висина на прозорецот и визуелно да ја скратуваат висината на просторијата.
M. M. | Црнобело