6 трикови за мала трпезарија – како да ја направите визуелно поголема?

Користете светли бои и фокусирајте се на минимализам кој може да создаде илузија на пространост.

6-trikovi-za-mala-trpezarija-kako-da-ja-napravite-vizuelno-pogolema-01.jpg

Освен ако не живеете во куќа, голема е веројатноста дека трпезаријата ви зафаќа мал дел од домот, веројатно во склоп на кујната и/или дневната.

Но, само затоа што немате многу простор за трпезарија, не значи дека не можете да експериментирате и да создадете илузија на пространост.

Неколку трикови со кои трпезарискиот простор ќе изгледа малку поголем:

Користете светли бои

Светлите бои создаваат илузија на пространост, па масата за јадење, столчињата и декорациите нека бидат во посветла нијанса.

6-trikovi-za-mala-trpezarija-kako-da-ja-napravite-vizuelno-pogolema-02.jpg

Мултифункционален мебел

Ако сте многу ограничени со простор, можете да ставите столчиња кои целосно се ставаат под масата.

Или, можете да ставите столчиња кои имаат простор за складирање, или столчиња кои се склопуваат...

Со ваквиот мебел ќе заштедите на простор, а при рака ќе имате сè што ви треба.

6-trikovi-za-mala-trpezarija-kako-da-ja-napravite-vizuelno-pogolema-03.jpg

Не го занемарувајте осветлувањето

Светлото прави огромна разлика во просторот.

Врз трпезариската маса ставете лустер (може и ѕидна ламба) за просторот да биде добро осветлен.

Исто така, особено важно е и природното осветлување, па ако можете ставете ја трпезаријата во близина на прозорец.

6-trikovi-za-mala-trpezarija-kako-da-ja-napravite-vizuelno-pogolema-04.jpg

Искористете го вертикалниот простор

Ставете повисока маса со повисоки столчиња и просторијата веднаш ќе изгледа поширока.

6-trikovi-za-mala-trpezarija-kako-da-ja-napravite-vizuelno-pogolema-05.jpg

Ставете огледало

На ѕид кој е во близина на трпезаријата, ставете огледало кое визуелно ќе го зголеми просторот.

6-trikovi-za-mala-trpezarija-kako-da-ja-napravite-vizuelno-pogolema-06.jpg

Фокусирајте се на минимализам

Дури и да не сте најголем фан на минимализмот, кога сте ограничени со простор, ова ви е најдоброто решение.

Немојте да ја трупате трпезаријата со украси и што било, туку ставете ги неопходните работи за просторот да изгледа пошироко.

6-trikovi-za-mala-trpezarija-kako-da-ja-napravite-vizuelno-pogolema-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
9 трендови за уредување што ќе доминираат во 2024-та Чоколадни нијанси, елементи инспирирани од природата, но и мултифункционален меб...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg