Ситници кои му даваат луксузен изглед на домот (а чинат малку пари)

Предмети со тркалезна форма, декоративно огледало и различни текстури – како да му дадете луксузен изглед на домот, без да потрошите цело богатство? 

sitnici-koi-mu-davaat-luksuzen-izgled-na-domot-a-chinat-malku-pari-01.jpg

За да го освежите изгледот на домот не мора да реновирате. Доволно е да замените некои ситници кои не чинат многу, а ќе направат просторот да изгледа полуксузно.

Дел од нив во продолжение:

Уметнички дела на ѕидовите

Ретки се оние кои можат да си купат оригинални уметнички дела, но денес можете да најдете навистина евтини принтови од познати дела. Можете да поддржите и некој локален артист кој пробува да се пробие.

Ако сте талентирани, врамете и некое ваше дело.

Најдобро е уметничките дела да ги закачите на само еден ѕид, кој ќе биде како ваша мала приватна галерија.

sitnici-koi-mu-davaat-luksuzen-izgled-na-domot-a-chinat-malku-pari-02.jpg

Декоративно огледало

Огледалата со уникатни и впечатливи рамки можат да бидат одлична декорација.

Покрај тоа, прават просторијата да изгледа пошироко.

sitnici-koi-mu-davaat-luksuzen-izgled-na-domot-a-chinat-malku-pari-03.jpg

Предмети со текстура

Разните текстури додаваат слоеви во просторот и со тоа прават да изгледа полуксузно.

На пример, многу подобро изгледа саксијата обложена со ратан, отколку обична пластична саксија.

Или, наместо обично ќебе, како декорација во спалната ставете ќебенце од лажно крзно.

sitnici-koi-mu-davaat-luksuzen-izgled-na-domot-a-chinat-malku-pari-04.jpg

Пријатен мирис

Мирисот во домот има навистина огромно влијание.

Ставете низ домот мирисливи свеќи и дифузери и веднаш ќе ја забележите разликата.

sitnici-koi-mu-davaat-luksuzen-izgled-na-domot-a-chinat-malku-pari-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg