Како да го подобрите изгледот на домот, без да купувате нешто ново?

Разместете го мебелот, фрлете ги сите непотребни предмети и скријте ги каблите – што друго можете да направите за да го подобрите изгледот на домот, без да купувате нешто ново?

kako-da-go-podobrite-izgledot-na-domot-bez-da-kupuvate-neshto-novo-01.jpg

Пролетта е период за темелно чистење на домот, но и период кога сите сакаме да го освежиме неговиот изглед.

А, за да го разубавите просторот, навистина нема потреба да давате пари.

Доволно е само да скриете некои работи и да пренамените други за да направите драстична разлика.

Како да го подобрите изгледот на домот, без да купувате нови работи?

Ослободете се од непотребните предмети

Доволно е само да ги фрлите предметите што се стари и не ви требаат за да забележите драстична разлика во секоја просторија од домот.

Стари украси, весници, сметки што не ви требаат, расипани или скршени предмети и уреди – сето ова се работи кои сигурно нема да ги користите, па нема потреба да ви зафаќаат место.

kako-da-go-podobrite-izgledot-na-domot-bez-da-kupuvate-neshto-novo-02.jpg

Темелно исчистете ги теписите

Беспрекорно чистиот дом секогаш изгледа многу подобро.

Темелно исчистете ги теписите, отстранете ги сите влакна од нив (особено ако имате миленик) и самите веднаш ќе забележите разлика.

kako-da-go-podobrite-izgledot-na-domot-bez-da-kupuvate-neshto-novo-03.jpg

Најдете им нова намена на некои предмети

Ставете чинија со овошје во кујната, ставете ги клучевите од домот и автомобилот во декоративен сад, организирајте ги крпите во бањата…

Генерално, размислете кои предмети во домот можете да ги искористите како декорација.

kako-da-go-podobrite-izgledot-na-domot-bez-da-kupuvate-neshto-novo-04.jpg

Средете ја полицата со книги

Наместо само да ги трупате книгите на полицата, организирајте ги.

Можете да ги наредите според боја или според жанр, на некои полици ставајте ги една врз друга, додајте некој украс помеѓу нив…

kako-da-go-podobrite-izgledot-na-domot-bez-da-kupuvate-neshto-novo-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
8 трикови од минималистите (за да имате секогаш уреден и чист дом) Трик за заштеда на простор: Ако минималистите купат апарат за во кујната, тој си...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
10 трикови како да направите домот да изгледа помодерно (и полуксузно) Расчистете го нередот од полиците, а старите шарени перничиња од баба, заменете ...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg