На гости кај Ана Најдовска: Стан на Македонка во Осло, уреден во скандинавски стил со хиге елементи (фото)

„Станот се наоѓа во најцентралниот дел на Осло, и е мал, но премногу симпатичен, посебно откога го уредивме во тој препознатлив скандинавски стил. Со многу хиге елементи, детали, перничиња, вазни и свеќи...“, споделува Ана Најдовска од Скопје, на која Норвешка ѝ е дом, за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-01.jpg

Ана Најдовска од Скопје со сопругот и ќерката живее во стан во Осло, Норвешка.

Ана обожава да патува, да истражува нови места (нови улички со карактеристични згради и прекрасна архитектура ѝ се слабост), сака да приготвува здрави јадења, да си го средува домот посебно кога ќеркичката Оланна е во градинка тогаш вели дека сè мора да си биде на свое место, и откога сè ќе биде на свое место, тогаш обожава да си го испие првото кафе во омилената шолја.

Мали нешта ја прават среќна, како што се нова свеќа или ново перниче, а мото ѝ е Carpe Diem или „Зграпчи го денот“.

Никогаш не се остава без обврски, мора да е активна и продуктивна, бидејќи ако се остави без никаква задача во текот на денот има грижа на совест дека денот ѝ поминал залудно.

Затоа обожава да си задава по неколку задачи за деновите што следат и преубаво ѝ е чувството кога на крај од денот знае дека го направила тоа што го замислила за тој ден, а последен во низата нејзини проекти беше уредувањето на нивниот нов стан во Осло.

Веќе имавме можност да го видиме станот во кој парот претохдно живееше.

За уредувањето на нејзиниот дом Ана за CRNOBELO.com споделува:

„Кога сме кај зацртани цели пред два месеци ми се исполни желбата која беше и една од целите за 2023, а тоа е да си го уредиме нашиот стан во Осло кој до сега беше празен и го издававме под кирија.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-02.jpeg

Во последните 6 години живеевме во 5 различни земји, таму каде што сопругот Чума играше фудбал, па така никогаш немавме можност да си живееме во наш дом.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-11.jpeg

Станот се наоѓа во најцентралниот дел на Осло, и е мал, но премногу симпатичен, посебно откога го уредивме во тој препознатлив скандинавски стил. Со многу хиге елементи, детали, перничиња, вазни и свеќи.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-12.jpeg

Преовладуваат неутралните тонови, беж бојата е една од моите омилени кога станува збор за дизајн на ентериер, лесно може да се искомбинира со други впечатливи тонови на бои, а и со неутрални нијанси како што се сива, пастелните тонови и песок боја.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-27.jpeg

Од самиот почеток се договоривме со сопругот дека јас ќе бидам таа што ќе го „уреди“ домот.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-04.jpeg

Па, така изминатите 3 месеци поминати на Pinterest дефинитивно се исплатеа, бидејќи ме инспирираа да го претворам нашиот дом во тоа што првично посакував и замислував.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-18.jpeg

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-05.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg