На гости кај Ана: Светол стан на Македонка во Норвешка, родната земја на нејзиниот сопруг фудбалер (фото)
- Детали
- сабота, 14 јануари 2023
„За себе можам да кажам дека сум доста креативна личност, а тоа сигурно го имам наследено од мојата мајка која има цвеќарница во Скопје и од ништо знае да направи нешто совршено. Омилен дел од станот ми е дневната просторија, во која на секои две седмици внесувам нова свежина со нови декорации, перничиња, свеќи, вазни и цвеќе“, споделува Ана Најдовска од Скопје, која моментално живее во Норвешка, а во изминатите 6 години живеела во 5 различни земји.
Ана Најдовска, има дипломирано на отсекот за странски јазици на ФОН, а од неодамна има ново хоби, а тоа е графички дизајн. Таа се запишала на курс и некако се пронашла во тој креативен свет, па започнала да изработува дигитални стикери, кои се сега достапни во нејзината онлајн продавница.
Бидејќи нејзините сопруг игра фудбал, во последните 6 години имаат живеено во 5 различни земји, па така смениле и повеќе станови/куќи како живеалишта.
Но, оваа зима конечно решиле да останат во Норвешка, кое е всушност и родното место на нејзиниот сопруг Чума и ќеркичката Оланна.
Интересно е што наскоро повторно ќе направат промена на домот во Норвешка, но тој стан велат дека ќе биде за подолго.
За уредувањето на нивниот дом во Норвешка Ана открива за CRNOBELO.com:
„Живееме во стан кој има доста хиге елементи, многу перничиња, украсни елементи и свеќи.
Мора да признаам дека ова ми е омилен дел од годината, обожавам да декорирам, небитно дали е Божиќ, Велигден, Нова година… Јас навистина сериозно си ја сфаќам работата.
Па, така цели 4 дена посветив на декорирање елка и комплетно на целиот стан.
Преубаво е чувството кога сè е направено со многу љубов и мерак. За себе можам да кажам дека сум доста креативна личност, а тоа сигурно го имам наследено од мојата мајка која има цвеќарница во Скопје и од ништо знае да направи нешто совршено.
Во станот најмногу ми се допаѓа тоа што преовладува природната светлина и белите ѕидови кои се препознатливи кај скандинавскиот стил на станови.
Омилен дел ми е дневната просторија, во која секои две седмици внесувам нова свежина со нови декорации, перничиња, свеќи, вазни и цвеќе.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





