На гости кај Ана Најдовска: Стан на Македонка во Осло, уреден во скандинавски стил со хиге елементи (фото)

Спалната соба ја обожавам бидејќи е идеална за оние мрачни, сиви, врнежливи денови во Осло.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-25.jpeg

Во тие моменти многу ни е важно да имаме наше катче кое дава чувство на топлина, мир и тишина.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-32.jpeg

За секое годишно време имам комплет сет прекривки за кревет со големи перници во различни бои, па така сега полека ја спремам пролетната атмосфера во спалната и дневната просторија со додавање на розови, крем и песок боја декоративни парчиња.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-10.jpeg

Уживам да го местам креветот, од најголема до најмала декоративна перница и тоа ми дава едно чувство на завршена цел, барем една во денот, кога знам дека креветот уште рано наутро ми е скоцкан, што би рекол сопругот „на хотелски начин“.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-30.jpeg

Спалната е поврзана со гардеробер соба, која е малечка, но сосема практично осмислена.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-16.jpeg

Да се има голем балкон во Норвешка е сон, иако во поголемиот дел од годината времето не е за уживање на балкон, сепак во Норвешка нема да видите балкон без сет гарнитура за седење.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-15.jpeg

Така и нашиот, уште во зима е спремен за уживање. Со преудобни столчиња, перничиња и секако декорации како фенерчиња, свеќи, цвеќе.

na-gosti-kaj-ana-najdovska-stan-na-makedonka-vo-oslo-ureden-vo-skandinavski-stil-so-hige-elementi-foto-23.jpeg

Кога ќе го погледнам балконот веднаш си замислувам летно попладне со чаша вино. Или уживање со кафе во недела наутро.“

Повеќе фотографии од домот на Ана на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg