На гости кај Тања: Стан во Охрид од 110m2 со застаклена тераса и многу цвеќиња (фото)

„Уредувањето на станот го правевме заедно со сопругот. Па, така се одлучивме во него да преовладуваат светли бои и топли тонови. Сакам свежи букети или саксиски цвеќиња бидејќи внесуваат свежина и радост во домот“, споделува Тања Митаноска (47), учителка од Охрид, за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-01.jpg

Тања Митаноска (47) е учителка од Охрид, сопруга на Сашо и мајка на Виктор (18) и Јован (15) години.

Нејзиниот дом е стан во центарот на Охрид со површина од 110 метри квадратни.

Тања за уредувањето на нејзиниот дом споделува за CRNOBELO.com:

„Домот е местото каде што секој од нас се чувствува опуштено, пријатно и спокојно. Тоа е нашата мала оаза на мирот каде што секој ден после работа, училиште или факултет наоѓаме мир и одмор.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-03.jpg

Уредувањето на станот го правевме заедно со сопругот. Па, така се одлучивме во него да преовладуваат светли бои и топли тонови.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-13.jpg

Изборот на потопла неутрална нијанса на ѕидовите дава чувство на смиреност во просторот и поубава атмосфера и ги поврзува другите елементи во него.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-15.jpg

Мебелот е едноставен и е во неутрални бои што му дава комфор, топлина и удобност на домот.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-08.jpg

Овој стил дозволува оживување на просторот и негов целосен карактер со вметнување различни додатоци и украси.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-02.jpg

Па, така често правам трансформации во домот, каде се трудам просторот да биде збогатен и разубавен со повеќе детали и декорации, соодветни на пригодата.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-12.jpg

Декорациите ги купувам или сама ги изработувам. Идејата за едноставните „направи сам“ проекти ја добивам од Пинтерест или Инстаграм во кои внесувам малку моја фантазија и труд.

na-gosti-kaj-tanja-stan-vo-ohrid-od-110m2-so-zastaklena-terasa-i-mnogu-cvekje-foto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg