На гости кај Јована: Стан во центарот на Скопје со сиви, златни и крем тонови (фото)

„Нашата приказна за изградба на заеднички дом започна пред неполна година. Со мојот сопруг имаме слични размислувања и вкусови, па не беше премногу тешко да се договориме што е она што ќе не направи среќни. Секако, во меѓувреме подготвувавме и свадба, така што активностите беа постојани, а нашите идеи за реализација бесконечни...“, раскажува Јована од Скопје за својот дом, каде што живее со сопругот Звонко, за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-centarot-na-skopje-so-sivi-zlatni-i-krem-tonovi-foto-01.jpg

Јована, магистер по право, живее во стан во Скопје со својот сопруг Звонко.

Таа вели дека  најмалата ситница во уредувањето на домот ѝ е планирана и соодветно поставена.

Околу уредувањето на домот Јована открива за CRNOBELO.com:

„Во нашиот дом доминираат земјените тонови, со акцент на златната боја која асоцира на раскош и луксуз.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-centarot-na-skopje-so-sivi-zlatni-i-krem-tonovi-foto-02.jpg

Комбинацијата на кафеави, сиви и крем тонови е совршено надополнета со детали кои сè уште ги средуваме, но полека се приближуваме кон целта.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-centarot-na-skopje-so-sivi-zlatni-i-krem-tonovi-foto-03.jpg

Јас сум голем љубител на уникатни парчиња, па така огледалото надополнето со ЛЕД светла, е едно од моите омилени работи во домот. Тоалетот е со уникатни плочки кои даваат малку разноликост во просторот.

IMG-20220920-WA0022_630x1000.jpg

Ходникот е исполнет со голем лизгачки гардеробер, кој што е транспарентен и доволно простран. Секогаш препорачувам изработка на гардеробер на местата кои се достапни, особено кога станува збор за помали простори каде што е многу важна практичноста.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-centarot-na-skopje-so-sivi-zlatni-i-krem-tonovi-foto-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg