На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото)
- Детали
- сабота, 28 мај 2022
„Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, дрвена работна површина и мермерни ѕидни плочки. Трпезариската маса ми е омилен елемент и е онаква баш каква што ја имав замислено да биде од масивно дрво и асиметрична, но најомилено катче дефинитивно ми е собата на мојот син Карло...“, раскажува за CRNOBELO.com Јована Стилиновиќ (27), која со сопругот и синот живее во стан во скопската населба Автокоманда.
Јована Стилиновиќ (27), мајка на 11-месечно бебе и дипломиран менаџер по бизнис логистика со завршена академија по графички дизајн, моментално вработена во маркетинг компанија како графички дизајнер. Приватно работи како графички дизајнер со наши и странски клиенти и е сопственик на мал бизнис за персонализирани постери.
Таа живее во скопската населба Автокоманда во стан од 62 метри квадратни со сопругот Стјепан и 11-месечниот син Карло, а на својот Инстаграм профил споделува детали од уредувањето на домот.
Околу уредувањето на домот Јована открива за CRNOBELO.com:
„Идејата и инспирацијата за домот ја црпев од Инстаграм и Пинтерест. Како и во работата, така и во уредувањето на домот отсекогаш сум била заљубена во минимализмот и едноставноста.
Секогаш имав желба да имам дом кој ќе биде уреден во минималистички и скандинавски стил со нежни и неутрални тонови, кои ќе даваат топлина во домот.
Со реновирање на станот започнавме после 2 месеци откако дознав дека сум бремена.
Бидејќи си имав замислено како сакам да ми изгледа секоја соба, речиси 70% од мебелот во станот е изработен по нарачка.
Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, дрвена работна површина и мермерни ѕидни плочки.
На почеток се мислевме на подот да ставиме плочки, но естетски немаше да изгледа убаво бидејќи кујната е отворена и решивме да одиме со ламинат низ целиот салон (кујна, трпезарија и дневна соба).
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





