На гости кај Александра: Стан во Скопје во кој доминираат розовата и белата боја (фото)
- Детали
- сабота, 09 април 2022
„Кога станува збор за тоа на кој начин се одлучив за розовата боја, сакав да е нешто тренди во моментот, во исто време да е нешто нежно и женствено, да делува отмено, а најважно од сè да внесе живот и свежина во мојот дом“, раскажува Александра Стојанова од Скопје, одделенски наставник во основно училиште.
Александра Стојанова од Скопје е одделенски наставник во основното училиште „Д.П.Г.-Беровски“, а нејзина втора љубов е работата во нејзиното ателје за декорации.
Исто така, ужива во уредувањето на ентериерот, а за тоа доказ е нејзиниот стан во скопската населба Влае.
За уредувањето на нејзиниот дом Александра открива за CRNOBELO.com:
„Секој детаљ во мојот дом е одбран со многу љубов и внимание, а со тоа домот добива една хармонична нота на релаксирачко место за одмор и вистинско уживање.
Малите работи го прават животот поубав, па затоа сметам дека декорот во секој дом е суштински сегмент во уредувањето.
Предизвик беше да се создаде нешто вакво, водена единствено од своите сопствени замисли и идеи. Можеби патот е тежок, но задоволството на крајот не се опишува со зборови.
Горда сум на она што го добив како краен производ – место кое стана мое катче за уживање, прибежиште од сиот хаос во кој живееме и трката со времето во која постојано итаме.
На крајот на денот, битно е каде ќе ја затвориме вратата и ќе си го најдеме мирот.
Кога станува збор за тоа на кој начин се одлучив за розовата боја, сакав да е нешто тренди во моментот, во исто време да е нешто нежно и женствено, да делува отмено, а најважно од сè да внесе живот и свежина во мојот дом.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





