На гости кај Александра: Стан во Скопје во кој доминираат розовата и белата боја (фото)
Розовата боја идеално се вклопи со мебелот, каде се искомбинирани дрво и бела боја.
Дневниот простор е делот во кој го поминувам најголемиот дел од моето време, па затоа сакав удобна и раскошна гарнитура, во комбинација со мала клуб-масичка, а акцентот го ставив на внимателно одбраните украси во секој дел од просторот.
Особена свежина во станот внесуваат декоративните ѕидови изработени во техниката Сахара, која што има текстура која во себе содржи гранулација од сахарски песок кој дава ноти на егзотичност и топлина во домот.
Во однос на кујната сакав да е едно мое катче каде што сакам сè да ми е при рака.
Во кујната преовладуваат црни детали со кои постигнав контраст во однос на дрвото и белата боја.