Во домот на Никола Блажевски: Студио со креативно искористен простор (фото)
- Детали
- сабота, 18 јули 2020
27-годишниот Никола вели дека од своето поткровје ги гледа најубавите изгрејсонца, а најмногу ужива кога има време за чаша вино на својот внимателно уреден балкон.
Никола Блажевски (27) веќе 10 години е волонтер и скоро 4 години вработен во Црвен крст на град Скопје како одговорно лице во социјалниот сервис „Помагатели на ранливи целни групи на корисници“
Хоби му е аранжирање на цвеќе, уредување на простор, организирање настани, изработка на „Do It Yourself“ проекти и фотографирање.
Тоа што располага со чувство за естетика, око за детали и пасија за фотографија, се гледа и во уредувањето на неговото студио.
Малиот простор е одлично искористен, а Никола за CRNOBELO.com открива од каде идејата за уредувањето:
„Сé започна спонтано и непланирано откако јас и мојот брат добивме нова соба/студио, каде што имав прилика да ја употребам мојата креативност и ја уредивме по наш вкус.
Поделена е на галериски дел за спиење и дел за дневен престој со мал балкон.
Голем дел од елементите се рачна изработка, почнувајќи од примарна преработка на дрвото, стругање, сечење на веќе осмислена конструкција, се до финалните производи како што се полиците, фотељата, врамување на сликите нацртани од брат ми, скалите и галерискиот дел, како и фенерите, фонтаната и ситните детали на балконот.
Другиот дел елементи се внимателно одбрани со цел функционалност на елементите и функционалност на просторот.
Кактуси, сукуленти (природни и керамички) и другите растенија ми се омилените детали во собата и на балконот, кои даваат посебен амбиент и поврзување со природата. Иако секоја година има по неколку нови детали кои ги одбирам внимателно за да се вклопат во истата идеја и целина.