Во домот на Никола Блажевски: Студио со креативно искористен простор (фото)
Летните вечери со добар коктел или чаша вино ги поминувам на балконот, па затоа би го одбрал за омилен дел во овој период од годината, а инаку целата соба ја обожавам и би го издвоил неверојатниот поглед од галерискиот дел каде што спијам, иако мал дел поминувам таму, но имам прекрасен поглед од изгревот на сонцето во текот на целата година.
Начинот на уредување ми е инспирација од секојдневието, социјалните мрежи и патувањата во Мајами. Сакам да експериментирам.
Користам и комбинирам елементи од различни материјали како керамички саксии и украси, плетени бамбусни корпи, дрвени елементи, украси направени со јаже и коноп, фенери, свеќи, сијалички и други моменти кои се вклопуваат во некој комбиниран стил на уредување. Имено, периодов сум фокусиран со уредување на балконите на моите пријатели.“
Уште фотки од студиото на Никола Блажевски:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело