Во овој ресторан пријателите се забранети, може да јадете само ако сте сами

Во нашето општество и култура навикнати сме дека во кафулиња и ресторани мора да бидеме со друштво од барем еден човек плус.

vo-ovoj-restoran-prijatelite-se-zabraneti-moze-da-jadete-samo-ako-ste-sami-01

Се чувствуваме чудно и необично доколку седнеме сами да јадеме или да пиеме кафе. Често и потсвесно тоа може да биде поради масите кои имаат повеќе столчиња и простор што ви дава знак дека треба да се пополнети.

Дури и вие да не се чувствувате неудобно, луѓето од страна ќе ве гледаат со сожалување и како да е тоа нешто страшно.

Затоа, во овој ресторан во Амстердам решиле да ги оттргнат таквите предрасуди и бариери, па направиле маси на кои може да седне само еден човек.

Автоматски со тоа ви кажува дека не можете и немате потреба да имате друштво, бидејќи масата е само за вас.

Неговото име е „Eenmaal“ што во превод значи еден оброк или еднаш, а замислата е да се стави крај на примораната социјализација и секој да си дозволи да јаде сам во мир и тишина.

Ресторанот е во поп-ап стил, со неодредени места и маси во просторот, па вие бирате каде ќе седнете.

Наместо да се занимавате со мобилните телефони, туку ви се нудат книги и магазини со кои може да уживате додека јадете.

Зарем не ви звучи совршено, ресторан во кој може да јадете без постојаното ѕвонење на мобилните телефони?

Би сакале да има и кај нас еден ваков ресторан?

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Во домот на Марија и Сашо во Кавадарци: Стан од 75m2, со многу саксиски цвеќиња, кој од корен го пре... „Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме ...
На гости кај Маги Медичи: Стан во Скопје со ретро современа естетика и готски призвук (фото) „Во мојот дом ве пречекуваат топли, кремасто-жолти ѕидови, кои рефлектираат свет...
9 ресторани во Ниш за викенд ручек (со врвна скара и дуњовача) Ммм, одлична скара и ракија од дуња... Звучи привлечно, зарем не? Ајде на викенд...
Кафулиња, лаунџ барови и ресторани кои вреди да се посетат во Охрид Кул локали за кафе со интересен ентериер, лаунџ барови со вкусни пијалаци и хран...
Ресторан во Свети Николе е вистинска велигденска бајка со зајчиња и многу шарени цвеќиња Со многу шарени цвеќиња, меѓу кои доминираат црвената и розовата боја и двор укр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg