Ресторан во Свети Николе е вистинска велигденска бајка со зајчиња и многу шарени цвеќиња
- Детали
- среда, 17 април 2024
Со многу шарени цвеќиња, меѓу кои доминираат црвената и розовата боја и двор украсен со зајчиња и печурки, овој локал е претворен во вистинска велигденска бајка.
Сè повеќе локали низ земјава имаат поинакво украсување секоја сезона, па освен со добрата храна и пијалаци, ги привлекуваат гостите и поради уредувањето, изгледот и впечатливите декорации.
Еден од тие ресторани е и „Мечкуевска куќа Пуже“ во Свети Николе.
Откако минатата есен воодушевија со украсувањето со тикви, суво цвеќе и сено, сега дворот на ресторанот го декорираа во пролетен и велигденски стил.
Со многу шарени цвеќиња, во кои доминираат црвената и розовата боја и двор украсен со зајчиња и печурки, овој локал е претворен во вистинска велигденска бајка.
Погледнете повеќе фотографии и видео од велигденското украсување на ресторанот:
А. Ј. | Црнобело