Ресторан во Крива Паланка е вистинска есенска бајка со хризантеми и украсни тикви (фото + видео)

Со доминација на хризантеми во различни бои, украсни тикви и сушена пченка, сите поставени пред влезот, ресторанот „Калин камен“ во Крива Паланка изгледа како сцена од вистинска есенска бајка.

restoran-vo-kriva-palanka-so-hrizantemi-i-ukrasni-tikvi-e-vistinska-esenska-bajka-foto-video-01.jpg

Во близина на Крива Паланка и малото езеро Калин Камен се наоѓа конакот со исто име, „Калин Камен“, кое е едно од омилените места на кривопаланчани. 

Од терасата на ресторанот има прекрасен поглед кон планините и околните шуми. Токму затоа често го посетуваат не само жителите на Крива Паланка, туку и луѓе од цела Македонија.

restoran-vo-kriva-palanka-so-hrizantemi-i-ukrasni-tikvi-e-vistinska-esenska-bajka-foto-video-04.jpg

На почетокот на есенската сезона, сопствениците навистина се потрудиле околу уредувањето на „Калин камен“, па го претвориле во впечатливо место со пријатна атмосфера.

Во дворот на ресторанот доминираат хризантеми во различни есенски бои, украсни тикви и сушена пченка. Како сцена од есенска бајка.

restoran-vo-kriva-palanka-so-hrizantemi-i-ukrasni-tikvi-e-vistinska-esenska-bajka-foto-video-06.jpg

Ви пренесуваме дел од атмосферата на ова интересно место:

restoran-vo-kriva-palanka-so-hrizantemi-i-ukrasni-tikvi-e-vistinska-esenska-bajka-foto-video-02.jpg

restoran-vo-kriva-palanka-so-hrizantemi-i-ukrasni-tikvi-e-vistinska-esenska-bajka-foto-video-05.jpg

restoran-vo-kriva-palanka-so-hrizantemi-i-ukrasni-tikvi-e-vistinska-esenska-bajka-foto-video-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
Локали низ Македонија кои се украсени како во есенска бајка – кочија со суви лисја, фиќо со тикви Во некои од локалите владее пријатен, есенски амбиент со многу тикви и суви лисј...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
Во домот на Ангела во Скопје: Светли бои и винтиџ бебешко креветче кое го користел и нејзиниот сопру... „Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден д...
Меана во Велес е како сцена од Македонските народни приказни - суви пиперки, карирани чаршафи (фото) Среде овој уникатен, винтиџ локал има дури и дрво. Вистинска сцена од Македонски...
Локал украсен со лампиони и мечиња ја носи празничната бајка во центарот на Скопје На еден месец до новата 2025 година, Скопје го зафати празничната магија, а Brea...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg