Планинарскиот дом Папрадиште – место кое ќе ви ги наполни и очите и душата со убавина (фото)
- Детали
- вторник, 03 септември 2024
Наутро ќе пиете кафе со звукот на песната од птиците, а навечер ако имате среќа ќе споделувате неверојатни приказни со искусни планинари, а може ќе наздравувате и на звуци од гитара. Звучи совршено, зарем не?
фото: GreenPower2003
Планинарскиот дом Папрадиште е место каде одите на ден, два и се враќате со полни батерии, како да сте биле на одмор 10 дена.
Во прекрасна природа, со спектакуларна глетка и со автентичност, овој дом нуди неверојатно доживување.
Се разбира, туку нема луксуз, но и кој го очекува тоа од планинарски дом? Тука има дух, магија, дружба, приказни, тука има очи и срце полни со убавина.
Ќе платите симболична сума за сместување и ќе креирате неверојатни спомени.
Атмосферата во планинарскиот дом Папрадиште:
С. С. | Црнобело
фото: Инстаграм GreenPower2003