На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото)

„Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Најмногу се радувам на бојата што ја добивме таму, но и на катчето во дворот кое е за нашиот син Матеј“, споделува Мартина Кондоска Ивановска (29) за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-01.jpg

Мартина Кондоска Ивановска (29), магистер по финансии, вработена како сметководител во приватна компанија за производство на плински боци во домаќинството, живее во семејна куќа во Скопје од 90м2, заедно со сопругот Роберт и синот Матеј. 

За уредувањето на домот, таа споделува за CRNOBELO.com:

„Идејата за домот си ја имав некако одамна замислено, а сето тоа се оствари бидејќи верував и знаев точно што сакам.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-02.jpeg

Главна карактеристика ми е упорноста и верувањето дека сè е возможно и остварливо.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-22.jpeg

Секој дом си има своја приказна и тонови и нијанси кои преовладуваат. Во нашиот дом доминираат бела боја, светло дрво, со црни детали и секако зелено-сината боја.

Некако најмногу ме асоцираа боите на топлина, куќа, дом.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-06.jpeg

Предноста е што катот има светлина од сите страни, па затоа решивме да ставиме и што поголеми прозорци.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-04.jpeg

Се стремевме најмногу кон функционален, практичен дом и да одговара на нашите потреби во секојдневието, а сепак да биде една наша бајка и да уживаме во неа.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-08.jpeg

Како заштитен знак ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Најмногу се радувам на бојата што ја добивме таму.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-20.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg