На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото)

Бидејќи дневната соба е место во кое поминуваме најмногу време сакав да е нашето најубаво катче. Па, и таа желба ми стана реалност. 

Омилениот дел ми е мини библиотеката.

И синот Матеј има свое катче кое секојдневно го прошируваме. Ме радува тоа што многу сака да му читам, па заедно уживаме.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-16.jpeg

Стилот на кујната беше целосно моја замисла, отворена кујна со долга работна маса, а деталите како стаклата со лед и црниот стаклен фрижидер ја прават за мене совршена.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-10.jpeg

Многу е важно дека секој сантиметар е искористен на најдобар можен начин. Навистина е многу функционална, има скриени штекери, фиоки за извлекување, полици, орман за отпадоци.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-03_copy.jpeg

Трпезаријата е место каде што постојано го менувам декорот. Може да ги забележите столиците кои се идентична боја со ѕидот од дневната соба.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-19.jpeg

Во спалната соба ни преовладуваат истите бои како и секаде. Сакав да има простор, комоција и удобен кревет.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-13.jpeg

Белата боја и светло дрво го хармонизираат просторот и создаваат зен амбиент за среќа и мирен сон. 

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-so-praktichna-kujna-so-staklen-frizhider-i-dzid-so-mural-vo-dvorot-foto-15.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg