Идеи како ја да уредите дневната соба: Пастелни бои и минималистички стил (фото)
- Детали
- сабота, 02 март 2024
И на домот повремено му треба „освежување“. Некогаш е доволно да ставите барем еден нов елемент или да ја смените бојата во просторијата и тоа ќе го разигра веќе познатиот ентериер, ќе му даде нов изглед и душа.
Сакате да смените нешто во домот, но не знаете од каде да тргнете?
Можеби од дневната соба, местото каде што повеќето луѓе го поминуваат најголемиот дел од времето кога се дома.
Според дизајнерите, во 2024-та година најголем тренд во уредувањето на дневните соби ќе бидат минималистичкиот стил и пастелните бои.
Па, така, изберете едноставен килим кој нема да го покрива целиот под, или додајте фотелја со впечатлив изглед и боја, која ќе се вклопи во просторот (или ќе биде контрастна од целиот мебел).
Секогаш може да се решите и за неколку перничиња во пастелни нијанси кои само ќе ги вклопите во просторот или украси и рамки за слики.
Ако, пак, решите да го смените целиот изглед на дневната соба, тогаш изберете комплементарен мебел, на пример комбинација од фотелја и тросед или двосед и тросед од ист сет.
Погледнете ја галеријата и предлозите кои, се надеваме, ќе ве инспирираат:
А. Ј. | Црнобело