На гости кај Давор - Dave’s Kitchen: Стан од 50m2 во Скопје, комплетно уреден со мебел од IKEA (фото)
- Детали
- сабота, 28 октомври 2023
„При уредувањето најголем акцент ставив на кујната со оглед на тоа што го работам. За монтажата на елементите се погриживме јас и татко ми. Кујната е мешавина на рустикално и модерно, со работна површина од гранит и контраст со златни рачки за вратичките и фиоките, златна чешма, бел порцелански мијалник“, вели Давор Панчевски, познат како Dave’s Kitchen, за CRNOBELO.com.
Давор Панчевски (30), познат како Dave’s Kitchen, има завршено Економски факултет, а како професија го избрал маркетингот, но сепак најголема љубов му е готвењето и тоа го работи веќе 8 години.
Давор е од Скопје, но во Охрид има викенд куќа и често патува таму, па поради тоа многумина мислат дека живее таму.
Сепак, неговиот стан е во Скопје. Има 50m2 и тој со задоволство го нарекува свој дом. Токму таму тој ги приготвува своите превкусни рецепти.
За уредувањето на домот Давор открива за CRNOBELO.com:
„Идејата за уредување ја имав многу одамна, а кога дојде време да се уредува целиот процес траеше неколку месеци.
Причината беше поради тоа што за набавка на кујната мораше да се оди најмалку 10 пати во IKEA и да се донесат потребните елементи за да се намонтира истата.
Целиот стан (95%) е уреден од IKEA, а интересно е тоа што набавката не беше само од една IKEA, туку од две: Србија и Грција.
При уредувањето најголем акцент ставив на кујната со оглед на тоа што го работам. За монтажата на елементите се погриживме јас и татко ми за целиот стан.
Кујната е мешавина на рустикално и модерно, изборот падна на темна кујна, со стаклени вратички во горниот дел од елементите и гранит како работна површина.
Голема желба имав уредувањето во висечките елементи да биде видливо, а за тоа се погрижија стаклените вратички и светлото во елементите.
Како контраст на темната кујна, одбрав златни рачки за вратичките и фиоките, златна чешма, бел порцелански мијалник и сиви кујнски апарати.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





