Владо и Слаѓана од Кичево имаат двор за мерак – оаза уредена со клупи од палети, летниковец и импровизиран бунар
- Детали
- среда, 26 јули 2023
„Тајната за убавиот двор е во неговото одржување и во тоа што секој ден одвојуваме по 3 часа дневно“ – откриваат за CRNOBELO.com Владо и Слаѓана од Кичево кои во својот двор успеале да создадат вистинска оаза со цвеќиња, летниковец, нишалка и клупи од палети.
За некои луѓе времето поминато во уредување и декорација на дворот е вистинско задоволство. Таков е примерот и на Владо и Слаѓана кои за CRNOBELO.com откриваат дека секој ден поминуваат најмалку по 3 часа во уредување на нивната мала оаза.
Далеку од градскиот метеж и сообраќај се наоѓа рајот за семејството на Владо и Слаѓана од Кичево, каде може да се ужива во звукот на природата и птиците.
Слаѓана во изјава за CRNOBELO.com открива дека со Владо слободното време го поминуваат во одгледувањето цвеќиња и декорација на својот двор и тоа им претставува огромно задоволство.
„Тајната на убавиот двор е во неговото одржување, што го правиме заедно и посветуваме по 3 часа дневно“.
Утринското кафе е испиено со мерак и спокој на клупите од палети, нишалката, или во летниковецот каде најчесто се приготвува и скара со друштво со по некоја чашка ракија и пиво.
Розовата и црвената нијанса на сарделите, петуниите и трендафилите мами воздишка на секој кој поминува покрај нивниот мал рај.
Кактусите, палмите, живата ограда, камената патека и скалилата, скарата и импровизираниот бунар придонесуваат за посебен шарм во целосниот изглед на дворот.
Погледнете повеќе фотографии од нивната мала оаза:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело