Илија од беровско има двор со 500 растенија - вистинска мини оаза: „Случајните минувачи се воодушевуваат од убавината“
Илија од Берово работи како менаџер во маркет, а слободното време го користи за да се посвети на уредувањето на малата куќарка изработена од природни материјали, каде главниот акцент е ставен на големиот број растенија, од кои повеќето се кактуси и сукуленти.
Тој, претходно за CRNOBELO.com откри дека сам го одржува дворот и се грижи за растенијата. Во зима ги внесува во домот, а во лето ги пренесува во својата оаза. Го прашавме колку време му е потребно за наводнување на сите растенија, на што тој одговори:
„Кактусите не бараат многу вода, нив многу ги наводнувам. Повеќе грижа бараат домашните растенија, но тие ги ставам во сенка, затоа што не сакаат да бидат изложени директно на сонце“.
Инаку, оазата на Илија е отворена за посетители и тој вели дека секој што сака, може да дојде и да ја види неговата колекција од кактуси и растенија.
Повеќе фотографии од оазата на Илија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело