На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото)
- Детали
- сабота, 24 јуни 2023
„Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно со сопругот. Преовладуваат белата боја како и антрацит, со детали во топли тонови, како тиркизно и жолто. Најмногу уживаме во кафето на нашата тераса, која има поглед кон природа. Имам и библиотека со повеќе од 150 книги“, раскажува Силвана Аврамовска Софронијоска (29) за CRNOBELO.com.
Силвана Аврамовска Софронијоска (29), по професија правник, живее со сопругот во стан од 72m2 во Скопје.
Taa вели дека внимава на секој детаљ во уредувањето, а најомилени ѝ се библиотеката и терасата со поглед кон зеленило.
За уредувањето на станот Силвана открива за CRNOBELO.com:
„Уште пред да почнеме да го уредуваме станот знаев дека мора да имам библиотека и тиркизна гарнитура во дневната соба.
Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно со сопругот. Преовладуваат белата боја како и антрацит, со детали во топли тонови, како тиркизно и жолто.
Ако нешто треба да издвојам како детаљ и контраст во станот, тоа е тиркизната аголна гарнитура со жолти и сиви перничиња, која дополнително го отвора дневниот простор и му дава топлина.
За боите во кујната, јас сакав бела боја, а сопругот антрацит, па така горниот дел ни е бел, а долниот антрацит, споен со мермерен ефект на плотна.
Исто би ја издвоила и винаријата со задимено сиво стакло која беше целосна замисла на сопругот и навистина одлично ја надополни кујната.