4 цвеќиња со кои вашата тераса ќе изгледа волшебно во летната сезона
Со впечатливите жолто-портокалови цветови, невенот многу асоцира на лето, а бидејќи трпи висока температура, може да ја краси вашата тераса до почетокот на есента.
Многу цвеќиња не можат да ги поднесат летните горештини и генерално се сушат, особено ако постојано се изложени на сончева светлина.
Но, постојат некои видови кои цутат најмногу токму во вакви услови и можат да бидат одличен украс за вашата тераса/градина во текот на целата летна сезона.
Во продолжение четири цветови совршени за летната сезона:
Цинија (Zinnia elegans)
Ова цвеќе е издржливо и лесно за одржување, па е одлично за летните денови. Цветовите се релативно големи и имаат многу нијанси, а цутат во текот на целото лето.
Ова цвеќе поднесува високи температури и само треба да внимавате да не му ставите премногу вода. Препорачливо е да го чувате изложено на сонце.
Пркос (Portulaca grandiflora)
И овој цвет цути во текот на целото лето, а цветовите можат да имаат неколку нијанси – бела, црвена виолетова, розова…
Цвеќето поднесува високи температури, но не и влага, па треба да го наводнувате поретко.
Невен (Calendula officinalis)
Со впечатливи портокалово-жолти цветови, невенот е цвет што многу асоцира на лето. Покрај тоа, има и навистина добар мирис.
Како и останатите цвеќиња на листава, не треба да го наводнувате многу често и важно е да има доволно сончева светлина во текот на денот.
Кадифка (Tagetes)
Името на овој цвет потекнува од неговите кадифени листови. За разлика од останатите цветови на листата, овој треба да го наводнувате малку почесто – неколкупати неделно.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





