Мали трикови: Како свежото цвеќе да потрае подолго?
Секој кој сака свежо цвеќе, знае колку е краток неговиот рок, a периодов ако се наполнивте со цвеќиња, сигурно сакате подолго да ви потраат.
За букетот да трае подолго во вазата со вода, треба да почнете да внимавате уште при самото купување.
Задолжително прегледајте дали цвеќето е свежо, дали има зелени или жолти листови, дали цветот е отворен, прецветан или во фаза на процветување.
Потоа, кога цвеќето ќе го донесете дома, важно е да го ставите во ваза која претходно сте ја измиле со топла вода и сте оставиле природно да се исуши.
Билките со дрвенести стебла, како рози, си бараат вази наполнети со две третини вода, додека цветовите со помеки стебла, како лалињата, си бараат само половично наполнета ваза со вода.
Стеблата треба да ги скратите неколку сантиметри пред да ги ставите во вода, и тоа под агол.
Препорачливо е и да ги чувате свежите цветови во отстојана вода, барем неколку часа.
На секои 2-3 дена важно е да се менува водата и вазата повторно да се измие. Цветчињата кои прецветале и пожолтените листови треба да се кинат и отстрануваат навремено.
Како прихрана може да искористите една лажичка шеќер која ќе ја растворите во водата или 2 лажички лимонов сок.
Ако ставите метално париче во вазата со вода, ќе почне да испушта киселина која ќе го забави расцветувањето, па цветот подолго ќе потрае.
Може да ставите и мала количина на вотка помешана со лажичка шеќер за да ги нахраните цветовите или да растворите малку аспирин во водата.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





