5 цвеќиња кои ќе ви го красат домот и во текот на студените месеци
Цвеќињата се одличен начин да го украсите домот, но повеќето од нив не можат да ја преживеат зимата.
Сепак, некои видови лесно се адаптираат и на постудените месеци, но под услов да ги чувате на затворено. A, уште подобро е што не бараат некоја посебна нега.
Во продолжение погледнете кои цвеќиња можат да ви го красат домот и во зимските месеци:
Хризантема
Ако добро го одгледувате, ова цвеќе може да ви го краси домот и во зима. Најважно е да го чувате подалеку од прозорци, врати и генерално места каде што има провев. Исто така треба да го поставите на светло место, но без директна сончева светлина.
Амарилис
Иако потекнува од топло место, и ова цвеќе може да се адаптира на студените месеци доколку го чувате во домот. Важно е само да не стои во премногу топла просторија.
Јаглика
Јагликата е прекрасно цвеќе кое исто така може да ја преживее зимата. Важно е да не го чувате на премногу топло место и да не го изложувате на директна сончева светлина.
Божиќна ѕвезда
И самото име кажува дека ова е можеби најпогодното цвеќе за студените месеци. Штом ќе почне да цвета, добро би било да го чувате во постудена просторија и никако не го поставувајте до грејни тела.
Циклама
Ова растение може да цвета и на есен и во зима, а не бара некоја посебна грижа. Цвеќето сака влага, па можеби ќе треба да го наводнувате почесто. Истовремено, најдобро вирее во постудена и светла просторија.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





