Зошто и кога треба да ја покривате Божиќната ѕвезда со посебна кутија?
Божиќната ѕвезда е пример дека грижата се исплати. Чувствителна е и на моменти тешка за одржување – но, затоа цветот е фантастичен.
фото: pexels.com
Па, како да не ги правите најчестите грешки кои сите ги прават?
Во моментот кога ќе ја купите Божиќната ѕвезда, мора да помие низ процес на аклиматизација.
Доколку местото на кое стоела било 7-8 степени, а вие сакате да ја внесете во просторија од 24-25 степени, прво мора да ја оставите 2-3 дена да постои во поладен простор, пример во ходникот пред да ја пренесете во дневна.
Никако не смее да ја држите до извори на топлина, но ниту на промаја.
Паметно е и да не ја „шетате“ и преместувате низ просторијата. Најдете едно место и тоа нека остане само нејзино.
Како Божиќната ѕвезда повторно да поцрвени?
На овој цвет му е важно да му биде ден кога надвор е ден и да му биде темница кога надвор ноќ, што е невозможно во домот.
Поради тоа, треба да имате една кутија со која ќе ја покривате кога надвор ќе се стемни, односно во истиот момент кога ќе започне затемнувањето.
Тоа е нешто што треба да го правите од 15. септември за веќе од 1 ноември да забележите како цветот добива црвена боја.
До Божиќ, веќе билката ќе биде главен украс на домот во силно црвена нијанса.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





