Прекрасни црни цвеќиња што ќе додадат драма во вашата градина

Дали некогаш сте помислиле да додадете малку драма во вашата градина со додавање на црно цвеќе во неа?

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-01

Сѐ што треба е да ги погледнете овие цвеќиња и да се вљубите во нивната уникатност и специфична убавина. Тие се совршени за креирање контраст со цвеќињата во ведри бои во вашата градина.

Погледнете ги овие 7 магични видови црно цвеќе и одберете го вашиот фаворит.

Black Velvet petunia

Првата црна кадифена петунија беше претставена од американската компанија „Ball Horticultural Co.“ пред неколку години и оттогаш им е едно од најбараните растенија.

Нејзината убавина доаѓа до израз на сончеви локации во комбинација со цвеќиња во други бои.

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-02

Tulip „Queen of Night“

Ова драматично лале е речиси црно. Како и секое лале, лесно е за одржување.

Цвета во доцна пролет и во комбинација со бели лалиња прави вистинска магија.

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-03

Aeonium „Zwartkop“

Погледнете го овој импресивен цвет во црно – црвеникава нијанса. Тој совршено би одел во комбинација со жолто цвеќе во вашата градина.

Потребно е да биде на локација на која барем половина ден ќе има многу сонце. Расте брзо дури и во сува земја, но за време на зимата треба да биде заштитен.

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-04

Sorbet Black Delight Viola

Магичната љубичица не само што има убава темна боја, туку е и лесна за одржување.

Таа толерира сонце, но и сенка и може да цвета и на постудена клима. Вашите саксии ќе изгледаат прекрасно во текот на целата зима.

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-05

Hollyhock „Nigra“

Воодушевувачки цвет што изгледа примамливо како чоколада. Лесно расте на секаква клима.

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-06

Calla Lily „Black Star“

Оваа кала е една од најдекоративните и најдраматичните. Таа има совршен контраст помеѓу црниот цвет и убавите зелени лисја.

Во саксии или во дворот, таа ќе биде ѕвездата во вашиот дом.

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-07

Midnight Ruffles hellebore

Со многу цветни ливчиња ова цвеќе го привлекува вниманието. Започнува да цвета во доцна зима. Расте многу и е совршено за во сенка.

7-prekrasni-crni-cvekinja-shto-kje-dodadat-drama-vo-vashata-gradina-08

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење Секој цвет има своја симболика па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесе...
Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“ Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани цела година во нејзино...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg