Како убавите пролетни букети подолго време да бидат свежи?
Доаѓа пролетта, а тоа значи разубавување на домот со прекрасни букети кои ќе шират опојни мириси. Но, за жал, пресечените цветови не траат долго, само ако не се грижите правилно за нив.
Ако сакате подолго да ви биде свежо цвеќето, еве што треба да направите:
1. Цвеќињата најдобро е да ги чувате во поголеми и пошироки вазни
2. И во топла вода
Секако, не мислиме на зовриена вода, туку на вода чија температура достигнува 43 степени. Ваквиот метод на чување е уште попознат и како „зацврстување“.
3. Ако не сакате цвеќињата да бидат стврднати, чувајте ги во млака вода
Ако сакате да го избегнете процесот на „зацврстување“ на цвеќињата, тогаш чувајте ги на температура од 22 степени.
4. Отстранете ги листовите
За цвеќето да биде свежо подолг период, отстранете ги листовите кои сигурно ќе се најдат под водата.
5. Менувајте ја водата
Ако сакате цвеќето подолго време да биде свежо, тогаш морате да ја менувате неговата вода секој ден, за да ја намалите можноста за развивање на бактерии.
6. Краевите сечете ги под агол
Поточно, под агол од 45 степени за да ја зголемите способноста на цвеќето да апсорбира повеќе вода.
7. Користете „храна“ за цвеќето
Направете домашна комбинација од газиран сок со вкус на лимон и избелувач (додадете само 2 - 3 капки, не повеќе).
8. Чувајте го цвеќето подалеку од сонце, овошје и било какви грејни тела
9. Исушеното цвеќе отстранувајте го колку можете побрзо
10. Правилно аранжирајте го букетот
Секое цвеќе мора да прима доволно светлина, тоа значи дека оние највисоките треба да се најдат некаде на крајот од букетот.
Н. Г. | Црнобело