14 растенија кои секогаш треба да ги садите заедно
Сакате оваа година да направите мини градина која до лето ќе расцвета и ќе ви го разубавува погледот дома? Треба да знаете дека одредени растенија најдобро е да се засадат во пар за да успеат.
Некои од нив треба да одат заедно, бидејќи едното ќе држи сенка (која му е потребна) на другото, други затоа што ќе ги збираат инсектите или ќе ги бркаат...
Без разлика на причината, овие растенија секогаш треба да ги засадувате во пар:
Зелка и Клеоме
Клеомите држат сенка која им е потребна на зелките.
Пченка и грав
Гравот ги привлекува инсектите, па нема да се уништи пченката.
Дињи и Џунџуле
Џунџулето ги брка црвите кои можат да живеат како паразити на дињите.
Рози и лук
Лукот ги брка паразитите, црвите, мравките и полжавите од розите.
Краставици и Настуртија
Овој тип на цвеќе ги брка пајаците и бубачките кои можат да ги оштетат краставиците.
Компири и Лобуларија
Цвеќето ги брка бубачките од компирите.
Карфиол и Цинија
Бубамарите го обожаваат нектарот од циниите, плус носат корисни состојки до карфиолот.
Н. Г. | Црнобело